9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ го предаде мечот, Раониќ загуби од Федерер

Ѓоковиќ го предаде мечот, Раониќ загуби од Федерер

На 131-то издание на тенискиот гренд слем комплетирани се полуфиналните двојки во машка конкуренција. Сензацијата ја направи Сем Квери кој го елиминира светскиот број 1 Енди Мареј, Роџер Федерер рутински го совлада Милош Раониќ, Марин Чилиќ во пет сета го победи Жил Милер, додека Новак Ѓоковиќ во вториот сет му го предаде мечот на Томаш Бердих.

Сем Квери одигра пет сета против бранителот на титулата Енди Мареј и победи по два часа и 42 минути игра со 3:6, 6:4, 6:7, 6:1, 6:1.

Американецот во своето прво полуфинале во кариерата на гренд слем турнирите ќе игра против Марин Чилиќ.

Хрватот четврти пат на накој од гренд слем турнирите се пласира во полуфиналето. Тој во пет сета го совлада Жил Милер од Луксембург 3:6, 7:6, 7:5, 5:7, 6:1.

Роџер Федерер го продоли походот на осмата титула на Вимблдон откако го декласира Милош Раониќ во три сета 6:4, 6:2, 7:6.
Швајцарецот во полуфиналето ќе игра против Томаш Бердих на кого Новак Ѓоковиќ, поради повреда на рамото му го предаде мечот. До моментот кога српскиот тенисер се откажа Бедих имаше 1:0 во сетови и 2:0 во вториот сет.

Полуфиналните мечеви во машка конкуренција ќе се одиграат в петок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП