4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧеди Осман кариерта ќе ја продолжи во Кливленд

Чеди Осман кариерта ќе ја продолжи во Кливленд

Турскиот репрезентативец роден во Охрид, Чеди Осман (22), кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата, во тимот на Кливленд кавалирс. Осман е вториот турски репрезентативец кој летово договори соработка со екипа од НБА лигата, претходно Фуркман Коркмаз потпиша со Филаделфија.

Чеди Осман во 2015 година беше избран како 31 пик на драфтот од страна на Минесота, но веднаш беше „трејдован“ во Кливленд.

Крилниот играч реши од ова лето да настапува во НБА лигата поради што замина од Ефес и со Кливленд договори тригодишна соработка вредна 8,5 милиони долари.

Ефес од овој трансфер ќе заработи еден милион евра, а трошоците ќе ги покријат Кливленд и Осман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП