26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус ќе го позајми Даглас Кошта од Баерн Минхен

Јувентус ќе го позајми Даглас Кошта од Баерн Минхен

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Даглас Кошта, претпладнево пристигнал на медицински прегледи во Торино.

Бразилецот има 26 години, во Минхен се пресели од Шахтјор, во 2015 година, за сума од 30 милиони евра. Јувентус договорил едногодишна позајмица, со можност по завршувањето на сезоната да го откупи неговиот договор.

Даглас Кошта на 77 натпревари за Баерн забележал учинок од 14 голови и 27 асистенции, но минатата сезона најчесто беше резерва кај Карло Анчелоти.

Неговото заминување во Торино го забрза доаѓањето на Колумбиецот Хамес Родригез во Баерн.

Бразилецот ќе биде второто засилување за Јувентус во летниот преоден рок, откако претходно од Сампдорија пристигна Чехот Патрик Шик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП