10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички утре гостува кај Динамо Минск

Работнички утре гостува кај Динамо Минск

Фудбалерите на Работнички утре ќе го одиграат првиот меч од второто квалификациско коло во Лига Европа. „Романтичарите“ во комплекост на ФФМ ќе го пречекаат белорускиот претставник Динамо Минск.

Работнички, во првото коло, го елиминира Тре Пене од Сан Марино со вкупни 7:0 (1:0, 6:0), но во втората рунда ќе се соочи со многу посериозен противник, кој поседува завиден квалитет и се наоѓа во натпреварувачки ритам бидејќи во првенството на Белорусија веќе се одиграни 15 кола.

„Во првото коло игравме против аматери, а во второто ќе играме против вистински професионалци. Динамо Минск организациски и финансиски е на нивото на нашите Вардар и Шкендија. Фаворити се во овој натпревар, но и ние имаме свои шанси за пласман во наредната рунда. Се надевам дека прашањето на победникот ќе се решава во реваншот“, рече на прес-конференцијата во пресрет на дуелот тренерот на Работнички, Виктор Треневски.

Стратегот на „романтичарите“ информира дека Динамо е тим кој игра во формација 3-4-3, но како што вели, „кога се бранат тоа е формација 5-3-2“. Според него, Белорусите ретко го напуштаат поставениот шаблон во кој играат и тука ја гледа шансата на неговиот тим. Не очекува некоја посебна ефикасност во двата натпревари и дека многу е важно Работнички да не прими гол во првиот натпревар.

Фаворитската улога на Белорусите им ја препушта и капитенот на тимот, Душко Трајчевски.

„Димано Минск е фаворит. Тие се долго време во натпреварувачки ритам, ја имаат достигнато оптималната форма. Сепак, мое мислење е дека можеме да се пласираме понатаму“.

Натпреварот Работнички-Динамо Минск утре ќе се одигра на стадинот „Петар Милошевски“, во тренинг центарот на ФФМ, со почеток во 18 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП