21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолдвел-Поуп е новото засилување на Лејкерси

Колдвел-Поуп е новото засилување на Лејкерси

Кентавијус Колдвел-Поуп го напушти Детроит и се пресели во Лос Анџелес, во тимот на Лејкерси. Тој со оваа франшиза потпиша едногодишен договор „тежок“ 18 милиони долари.

Колдвел-Поуп (23) имаше опција да остане во Детроит уште една сезона за 4,9 милиони долари, но тој реши да се пресели во Лејкерси и со договорт од 18 милиони долари да стане еден од десеттемина најплатени шутери во НБА лигата.

Наредната сезона, кога повотрно ќе има зголемување на „селери капот“, тој може да се надева на договор од 21,6 милиони долари.

Со доаѓањето на Колдвел-Поуп, Лејкерси во „селери капот“ имаат уште 16,5 милиони долари, а според шпекулациите, тие пари ќе бидат искористени за во тимот да пристигне плејмејкерот Ражон Рондо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП