28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбра останува во ПСЖ

Ибра останува во ПСЖ

ibraa

Златан Ибрахимовиќ објави дека нема намера да го напушти сегашниот клуб ПСЖ. Синоќа Ибра и неговите соиграчи дојдоа до трофејот во француското првенство, откако избраниците на Карло Анчелоти со 1:0 го победија големиот ривал Лион.

Па на два круга пред крајот, „светците“ се со седум поени предност пред второпласираниот Олимпик Марсеј. Самиот Златан пак беше поврзан со напуштање на францускиот гигант ова лето и дека веќе бил договорен трансфер во италијанскиот Јувентус.

„Многу сум среќен. Мојата деби сезона во ПСЖ беше совршена. Не можам да сакам ништо повеќе. Ќе дадам се од себе за да го одбраниме трофејот и во следната сезона”, изјави 31-годишниот напаѓач.

„Имам уште две години од мојот договор. Ќе ги исполнам со професионализам и тотална посветеност кон клубот”, додаде Швеѓанецот.

Оваа сезона Златан одигра 41-на средба во сите натпреварувања и постигна 30 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП