21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКвалификации ЛШ: Победи за Партизан, Ријека, Салцбург и Карабаг

Квалификации ЛШ: Победи за Партизан, Ријека, Салцбург и Карабаг

Фудбалерите на Партизан, Ријека, Салцбург и Карабаг се стекнаа со предност во однос на опонентите по првите натпревари од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Хрватскиот шампион Ријека со 2-0 славеше во дуелот против ТНС од Велс. Македонските репрезентативци Ристовски и Жута беа во стартниот состав на Ријека.

Идентична победа како Ријека забележа и Партизан. Српскиот првак, во балканското дерби славеше над Вудуќност од Подгорица.

Австриски Салцбург како гостин на Малта успеа да слави над Хибернијан со 3-0.

Најубедливата победа ја забележа азербејџанскиот шампион Карабаг кој со 5-0 Самтредиа од Грузија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП