5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДани Алвеш наместо за Сити ќе потпише за ПСЖ

Дани Алвеш наместо за Сити ќе потпише за ПСЖ

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес, како што пишуваат англиските медиуми, ја сменил одлуката да ја продолжи кариерата во Манчестер Сити. Според истите извори тој е во Париз каде треба да потпише двегодишен договор со ПСЖ.

Дани Алвес по истекот на едногодишниот договор со Јувентус стана слободен играч, беше желба на неколку тимови, а англиските медиуми најавуваа дека ќе пристигне во Манчестер Сити кај својот поранешен тренер Пеп Гвардиола.

Иако трансферот бил пред реализиција 34-годишниот Бразилец во последен момент ја сменил одлуката и со сопругата пристигнал во Париз, каде што според медиумите, треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа да потпише двегодишен договор со ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП