2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Баерн Минхен пристигнува Хамес Родригез

Во Баерн Минхен пристигнува Хамес Родригез

Хамес Родригез, кој беше ѕвезда на Светското првенство во 2014 година, по неговото завршување од Монако се пресели во Реал за сума од 79,8 милиони евра.

Овој трансфер е третиот најскап во историјата на Реал, по трансферите на Кристијано Роналдо и Герет Бејл, а шести најскап во историјата на фудбалот.

Сепак, за три години Колумбиецот не успеа во целост да се наметне, а во последната сезона кај Зинедин Зидан најчесто играше во натпреварите, кога тренерот ги одмораше главните играчи.

Кон крајот на минатата сезона тој најави дека сака да замине од Реал, а како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат Манчестер Јунајтед, Челзи и ПСЖ.

Сепак, Колумбиецот реши да се пресели во Баерн, кај својот поранешен тренер Карло Анчелоти. Хамес две години ќе настапува како позајмен игра, а Баварците во 2019 година ќе имаат право да го откупат неговиот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП