9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТитулата останува кај Хорн, Пакјао џабе се жалеше

Титулата останува кај Хорн, Пакјао џабе се жалеше

Мечот на Мени Пакјао и Џеф Хорн за титулата светски шампион во велтер категорија, во верзијата ВБО е регистриран со постигнатиот резултат, во корист на боксерот од Австралија.

Џеф Хорн на 2 јули, во Бризбејн го победи легендарниот Филипинец со едногласна одлука на судиите и ја освои шампионската титула.

Поранешниот учител, 29-годишниот Хорн, пред повеќе од 50.000 гледачи победи по 12 рунди со одлука на судиите 117:111, 115:113, 115:113.

Пакјао и неговиот тим побараа од челниците на ВБО да „ја преиспитаат неправедната одлука и судењето“.

Како што пренесе британскиот сервис Би-би-си, судиите ја анализирале борбата и процениле дека Филипинецот добил пет, а неговиот противник седум рунди.

Според истиот извор, петмина „анонимни, компетентни судии од различни земји“ ја гледале снимката од мечот без звук и го анализирале ефектот на боксерите.

ВБО соопшти дека анализата е направена поради „транспарентност“ бидејќи не можела да ја поништи првичната одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП