18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРФМ: 40.000 евра за обезбедениот пласман на ЕП

РФМ: 40.000 евра за обезбедениот пласман на ЕП

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја информира јавноста дека согласно Член 35 од Статутот, поради итност на донесување одлуки согласно Член 3 точка 11 „Одлука без присуство“ од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.), ги донесе следниве одлуки:

1. Ракометната федерација на Македонија ќе ѝ додели премија на машката сениорска репрезентација во вредност од 40.000 евра, за обезбедениот пласман на ЕП Хрватска 2018.

– Сениорската ракометна репрезентација на Р Македонија обезбеди пласман за ЕП Хрватска 2018 , во рамките на последните две кола од квалификацискиот циклус, односно со нерешениот резултат со Р Украина во Суми и големата победата над Р Чешка во Скопје, со што се пласираше на првата позиција во 4. квалификациската група и обезбеди место во вториот шешир за извлекувањето на групите за ЕП Хрватска 2018.

Ова е петти обезбеден пласман за македонските сениори на големите континентални натпреварувања и вкупно десетти заедно со Светските првенства.

2. Ракометната федерација на Македонија донесе одлука клубовите во Женската лига кои се натпреваруваат во систем на натпревари на РФМ да бидат ослободени од судиски и делегатски такси почнувајќи од новата натпреварувачка сезона 2017/18, единствениот трошок на ракометните клубовите остануваат патните трошоци за службените лица.

– Минатата сезона 2016/17, РФМ целосно ги ослободи ракометните клубовите во младите категории (Младински, Кадетски и Пионерски лиги во машка и во женска конкуренција) од трошоците за судиските и делегатските такси, а почнувајќи од наредната сезона 2017/18, РФМ ќе ги покрие таксите за службените лица и на клубовите од Женската лига.
Одлуките стапуваат на сила веднаш, а ќе бидат верификувани на следниот УО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП