20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМуријел пет години во Севилја

Муријел пет години во Севилја

Луис Муријел ги мина лекарските прегледи во Севилја и потпиша петгодишен договор со клубот од стадионот „Рамос Санчез Писхуан“.

Кoлумбискиот репрезентативец изминатите две и пол години ги мина во Сампдорија, претходно играше во Удинезе, а кариерата ја почнал во Депортиво Кали.

Севилја не ја соопшти вредноста на трансферот, но медиумите шпекулираат дека се работи за сума од 20 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Колумбиецот за Сампдорија настапи на 84 натпревари и постигна 24 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП