16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФабињо од јануари во Атлетико Мадрид

Фабињо од јануари во Атлетико Мадрид

Дефанзивецот на Монако, Фабињо (24), во јануари 2018 година ќе стане играч на Атлетико Мадрид.

Мадридскиот весник „АС“, тврди дека Атлетико и Монако го договориле трансферот и дека трансферот на Бразилецот ќе изнесува 45 милиони евра.

Фабињо во Мадрид ќе пристигне на почетокот на наредната година бидејќи Атлетико поради суспензијата на ФИФА може да во овој преоден рок да купува но не и да ги регистрира фудбалерите.

Атлетико веќе потпиша договор со шпанскиот репрезентативец Хесус Витоло, кого веднаш го испрати на позајмица до јануари во Лас Палмас, додека медиумите најавуваат дека во наредните денови договор со „јорганџиите“ ќе потпише напаѓачот на Челзи Диего Коста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП