27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛукаку: Побарав дозвола од Ибрахимовиќ за бројот 9

Лукаку: Побарав дозвола од Ибрахимовиќ за бројот 9

Ромелу Лукаку им открил на новинарите дека во Манчестер Јунајтед ќе го носи дресот со број девет и дека за тоа добил „дозвола“ од Златан Инрахимовиќ.

На „Гудисон“, Белгиецот две сезони ја носеше десетката, но на новинарите им рекол дека во Јунајтед го сака бројот 9 на грбот.

„Секогаш се консултирам со мојата мајка и најчесто го носев бројт 10 бидејќи нејзиниот роденден е на 10 октомври, десети ден на десеттиот месец во годината. Сега ја побарав деветката бидејќи сум напаѓач“, рекол Лукаку.

„Напаѓачите секогаш ја носат деветката. Тоа е убав број и јас побарав дозвола од Златан Ибрахимовиќ и благодарен сум што ми дозволи да го носам ‘неговиот број’“, дополнил новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед.

Лукаку пред неколку денови од Евертон се пресели во Манчестер Јунајтед. Белгиецот изминатите четири години за Евертон одигра 142 натпревари и постигна 68 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП