17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТео е нов играч на Реал Мадрид

Тео е нов играч на Реал Мадрид

Тео Хернандес (19) ја засили дефанзивната линија на Реал Мадрид, откако потпиша шестгодишен договор со европскиот првак. Атлетико како обесштетување за Тео ќе добие 30 милиони евра.

Момчето кое го разгоре страстите меѓу градските ривали, вниманието кон себе го насочи минатата сезона со настапите во Алавес, каде настапуваше како позајмен фудбалер од Атлетико.

„Среќен сум што дојдов во најдобриот клуб во светот. Дојдов да учам од најдобрите и да освојувам титули“, рекол Тео Хернандез на преставувањето во новиот клуб.

Овој 19-годишен играч може да игра на две позиции, како лев бек и како централен дефанзивец.

Инаку неговиот трансфер го подели Мадрид, бидејќи Реал го прекрши џентлменскиот договор меѓу градските ривали.

Тео некои го прогласија за вистински предавник, бидејќи неговиот татко е поранешен играч на Атлетико, а тој на „јорганџиите“ им се приклучи на 11-годишна возраст. Неговиот брат Лукас Хернандес е дел од првиот тим на Атлетико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП