19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКербер го загуби првото место поради елиминацијата од Вимблдон

Кербер го загуби првото место поради елиминацијата од Вимблдон

Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруса , во осминафиналето на Вимблдон ја елиминира Анжелик Кербер, што значи дека Германката од понеделник нема да биде прва на ВТА листата.

Мугуруса, која во 2015 година играше во финалето на Вимблдон, првопласираната на ВТА листата ја порази во три сета и тоа откако го загуби првиот сет со 4:6. Наредните два Шпанката ги доби со идентичен резултат и избори четвртфинален меч со Светлана Кузњецова која ја елиминира Агњешка Радванска во два сета.

Елиминацијата на Кербер значи дека од понеделник прва на ВТА листата ќе биде Симона Халеп или Каролина Плишкова.

Пласман во четвртфиналето избори и Венус Вилијамс која ја победи Хрватката Ана Коњух со 6:3, 6:2. Американката за пласман меѓу најдобрите четири ќе игра против Летонката Елена Остапенко.

Остапенко, која е актуелна шампионка на Роланд Гарос во два сета славеше над Елина Свитолина.

Халеп која е во игра за првата позиција на ВТА листата во осминафиналето ја победи Викторија Азаренка со 7:6, 6:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП