14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВимблдон: Ѓоковиќ и Манарино ќе играат денес

Вимблдон: Ѓоковиќ и Манарино ќе играат денес

На машкиот дел од Гренд слем турнирот во Вимблдон познати се седуммина учесници во четвртфиналето, последниот ќе биде познат во вторник, кога ќе се одигра дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Адријан Манарино.

Дуелот на српскиот и францускиот тенисер според денешната програма требаше да биде трет на теренот број 1, но не започна бидејќи мечот Милер и Надал траеше безмалку пет часа.

Инаку Ѓоковиќ долго време се расправал со организаторите неговиот дуел да биде префрлен на Централниот терен, бидејќи Федерер експресно го реши мечот со Димитров, но тие не ја прифатиле неговата сугестија.

Бидејќи Надал и Милер својот меч го завршија нешто пред 21 часот лондонско време, организаторот реши Ѓоковиќ и Манарино да играат во вторник, на Централниот терен, од 13 часот по средноевропско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП