10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДиего Коста доби неколку слободни денови за преговори со Атлетико

Диего Коста доби неколку слободни денови за преговори со Атлетико

Диего Коста речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во својот поранешен клуб Атлетико Мадрид.

Актуелниот клуб на Бразилецот со шпански пасош, Челзи, соопшти дека на Коста му дал неколку слободни денови за да ги договори деталите околу трансферот во Атлетико.

Атлетико нема право да регистрира фудбалери во овој преоден рок, поради што напаѓачот би можел да биде позајмен во некој друг тим, а според информациите најголем интерес покажал Бешиктап.

Тимот од Мадрид слично постапи со Витоло кого го купи од Севилјаи веднаш го испрати на позајмица во Лас Палмас.

Диего Коста во летниот преоден рок во 2014 година, од Атлетико се пресели во Челзи за сума од 40 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП