24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси во лов на рекорди

Меси во лов на рекорди

Мајсторот на фудбалската игра, Лионел Меси, во досегашната кариера, во дресот на Барселона и аргентинската репрезентација соборил околу 100 различни рекорди, но во сезоната што претстои ќе се обиде да сруши уште неколку.

Меси е најдобриот стрелец во историјата на Барселона (538 голови), но интересно е рекордер според бројот на постигнати голови во Купот на Кралот. Меси во досегашната кариера во Купот на кралот има постигнато 44 гола, но рекордер е Жесеп Самитиер, кој во периодот 1919-1932 постигнал 65 голови.

Аргентинецот не е ниту рекордер според бројот на настапите за Барселона. Со 538 настапи тој е на четвртото место, а пред него се Карлес Пујол (593), Андрес Иниеста (630) и Чави (767).

Меси е најдобар стрелец во Лигата на шампиони, тој има постигнато 94 голови, односно 11 помалку од Кристијано Роналдо.

Португалецот е пред Меси и кога станува збор за постигнатите хет-трикови во Ла Лига. Роналдо досега на 32 натпревари постигнувал хет-трик, а Меси е на бројката 26.

Меси е најдобриот стрелец во историјата на мечевите помеѓу Барселона и Реал (Ел Класико) со 16 голови, но најмногу настапи во дерби мечевите има поранешниот играл на Реал Мануел Санчиз (43), додека Меси настапил во 34 „Ел Калсика“.

Во репрезентативниот дрес тој ќе „лови“ два рекорди. Тој со 118 одиграни натпревари е на третото место на оваа листа, а пред него се Хавиер Маскерано (136) и Хавиер Занети (143).

Иако е најдобар стрелец во историјата на Агрентина со 58 голови, Габриел Батистута има постигнато најмногу голови, 10, за Аргентина на светските првенства. Меси на Мундијалите постигнал само пет гола.

Во кариерата Меси соборил вкупно 97 рекорди. Во моментов е сопственик на 15 светски, 14 шпански, 35 шпански, 27 клупски и шест рекорди во аргентинскиот национален тим.

Интересно 17 различни рекорди Меси ги дели со Кристијано Роналдо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП