9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖељко Обрадовиќ прогласен за најдобар тренер во Евролигата

Жељко Обрадовиќ прогласен за најдобар тренер во Евролигата

Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, официјално е прогласен за најдобар тренер во Евролигата, во минатата сезона.

Српскиот тренер на Фенербахче му ја донесе првата шампионска титула во Евролигата, во клупската историја. Трофејот со Фенербахче за Обрадовиќ е деветти во кариерата, откако претходно Евролигата ја освојувал со Партизан, Хувентуд, Реал и петпати со Панатинаикос.

Трофејот за најдобар тренер го носи името на легендарниот Рус Алесандар Гомељски, а Обрадовиќ наградата претходно ја освојувал и во 2007 и 2011 година.

Фенербахче на завршниот турнир во Евролигата во финалето го победи Олимпијакос 80-64.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП