1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев ги одбил понудите од Кина, останува во Џенова

Пандев ги одбил понудите од Кина, останува во Џенова

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев (33), ги одбил понудите од Кина и реши уште една сезона да го носи дресот на Џенова.

Како што објави порталот „www.ilsecoloxix.it“, Пандев прифатил двојно помала плата за да остане уште една година во екипата во која пристигна во 2015 година.

„Горан беше од непроценливо значење за клубот на последните натпревари кога клубот освојуваше важни бодови во борбата за опстанок. Можеби повеќе не е брз како пред пет или шест години, но дефинитивно со техниката и знаењето ќе му биде од корист на тренерот Јуриќ“, пишува порталот во својот коментар.

Пандев во кариерата има настапувано во Беласица, Интер, Лацио, Наполи и Галатасарај. За македонската репрезентација има одиграно 85 натпревари и постигнато 29 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП