Фудбалските репрезентации на Мексико и Јамајка запишаа победи во натпреварите од првото коло во Ц групата на Голд купот, шампионатот на државите членки на КОНКАКАФ.
Мексико го победи Ел Салвадор со 3-1. Мексиканците победија со головите на Марин во осмата, Ернандез во 29. и Пинеда во 55.минута. Единствениот гол за Ел Салвадор го постигна Бониља во десеттата минута.
Јамајка славаше над Куракао со 2-0, а стрелци на головите беа Вилијамс и Матокс во втриот дел од натпреварот.
Во второто коло во Ц групата, на 13 јули ќе играат Мексико-Јамајка и Ел Салвадот-Куракао.