21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Кина и Австралија Арсенал ќе оди без Санчез

Во Кина и Австралија Арсенал ќе оди без Санчез

Фудбалерите на Арсенал, без Чилеанецот Алексис Санчез, отпатуваа на 14-дневна турнеја во Австралија и Кина, објави лондонскиот клуб на својата интернет страница.

Покрај Чилеанецот, турнејата по Австралија и Кина ќе ја пропушти и германскиот репрезентативец Шкодран Мустафи. Овие двајца од клубот добиле продолжен одмор поради настапот на Купот на Конфедерации.

Германија и Чиле играа во финалето на 2.јули, а мечот заврши со минимална победа (1-0) на Германија.

Екипата на Арсен Венгер на турнејата ќе гостува во Сиднеј, Шангај и Пекинг и ќе одигра четири пријателски натпревари.

Арсенал на 13.јули ќе игра против Сиднеј, два дена подоцна ги очекува дуел со Сиднеј Вондерерс, на 19.јули ќе играат со минхенски Баерн, а турнејата ќе ја завршат на 22.јули против Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП