5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТорес: Атлетико може да освои се

Торес: Атлетико може да освои се

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, истакнал дека наредната сезона за клубот може да биде само подобра од претходната.

Атлетико минатата сезона беше конкурентен на „трите фронта“ на кои настапи: во Ла Лига го освои третото место, во Купот на Кралот и во Лигата на шампионите стигна до полуфиналето.

Торес (33) неодамна потпиша нов едногодишен договор со клубот во кој започна неговата фудбалска приказна.

„Би сакал овде да играм засекогаш. Кога играм за овој клуб секогаш сум посебно мотивиран. Секој детал е важен, играњето на последниот меч на Калдерон беше важен. Секој меч пред тој пробуди спомени и сеќавања“, рекол Торес.

Атлетико новата сезона ќе ја започне на новиот стадион „Ванда Метрополитано“ чии капацитет изнесува 70.000 места. Претходно 51 година Атлетико настапуваше на култниот „Винсенте Калдерон“.

Токму на Калдерон, Торес се афирмира како играч, стана најмладиот капитен во историјата на клубот, а на последниот меч на овој стадион тој во дуелот со Атлетик Билбао постигна два гола.

„Новиот стадион? Сакам да ја започнеме новата ера веднаш, сакам да го видам новиот стадион исполнет со навивачи и секако да го сочуваме својот идентитет. Возбуден сум што ќе останам тука уште една сезона, бидејќи не можете секогаш да бидете онаму каде што сакате вие. Јас таа шанса ќе ја имам уште една година“, рекол Торес.

Тој истакнал дека клубот ќе има уште многу успешни години, смета дека тимот е силен и дека ќе биде конкурентен на сите полиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП