5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуни потпиша двегодишен договор со Евертон

Руни потпиша двегодишен договор со Евертон

Вејн Руни по 13 години го напушти Манчестер Јунајтед и се врати во својот матичен клуб Евертон, Клубот од Ливерпул соопшти дека Руни потпишал двегодишен договор.

Вејн Руни својата професионална кариера ја започна во Евертон, за првиот тим дебитираше на 16-годишна возраст, а вкупно во дресот на „карамелите“ одиграл 77 натпревари и постигнал 17 голови.

Од Евертон тој замина во Манчестер Јунајтед и за 13 години успеа да стане најдобриот стрелец во историјата на клубот од „Олд Трафорд“. На 559 натпревари успеал да постигне 253 гола.

Со Јунајтед освои пет премиерлигашки титули, три трофеи во Лига и ФА купот и по еден во Лигата на шампионои, Лига Европа и светското првенство за клубови.

Руни го напушти Јунајтед, а како дел од трансферот Ромелу Лукаку ќе се пресели во „црвениот дел“ од Манчестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП