ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалерите на Вардар утринава отпатуваа за Малме

Фудбалерите на Вардар утринава отпатуваа за Малме

Утринава фудбалерите на Вардар отпатуваа кон Шведска, каде во среда ќе го одиграат првиот меч во второто квалификациско коло, во Лигата на шампионите против Малме.

„Црвено-црните“ во Шведска ќе пристигнат во претпладневните часови, а вечерва ќе го одработат и првиот тренинг во Малме.

Утре е официјалниот тренинг на „Новиот стадион на Малме“, а претходно Вардарци ќе имаат прес конференција.

Натпреврот во среда ќе запоне во 19 часот, а реваншот во Македонија е една недела подоцна.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП