11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTencent ja пушта најуспешната мобилна игра и во Европа

Tencent ja пушта најуспешната мобилна игра и во Европа

„Tencent Holdings“ се подготвува да го пушти хитот „Honour of Kings“ во САД и Западна Европа најрано во септември оваа година. На овој начин компанијата ќе ја претстави својата најпрофитабилна мобилна игра на милиони нови играчи надвор од Кина, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на запознаени извори.

Најголемата кинеска интернет компанија ја забрзува глобалната премиера на играта, за да направи диверзификација на изворите на приходи, велат изворите, кои посакале анонимност.

Компанијата, најдобро позната по својата апликација за разговор „WeChat“, има за цел да го искористи успехот на играта, која може да и донесе поголем дел од нејзините приходи од игри за смартфони во оваа година.

“Honour of Kings”, која е личен развој на компанијата, беше пуштена постепено на неколку пазари надвор од Кина, како Турција и Тајланд. Сега таа започна и во САД, Франција, Италија, Шпанија и Германија, велат изворите. На голем дел од новите пазари „Tencent“ ја преименува играта во „Strike of Kings“.

Засега компанијата одбива да даде коментар во врска со темата.

Играта е бесплатна за симнување и генерира приходи од корисниците кои прават купувања внатре во неа.

Насочувањето на „Honour of Kings“ кон повеќе странски пазари е поврзано со амбицијата на „Tencent“ да остави свој белег надвор од Кина. Потегот ќе и помогне да ја намали зависноста од својот внатрешен пазар, каде регулаторните барања често се непредвидливи. Оваа недела компанијата беше соочена со обвинувања дека „Honour of Kings“ е зависност за децата, што е направено со цел играта да биде профитабилна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП