27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПреиначена казната на Меси од условната затворска во глоба од 250.000 евра

Преиначена казната на Меси од условната затворска во глоба од 250.000 евра

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси во петок дозна убава вест. Имено, неговата условна затворска казна од 21 месец заради даночна измама, е променета во парична глоба од 250.000 евра, објави судот во Барселона.

Лионел Меси и неговиот татко минатата година беа прогласени за виновни заради даночна измама, бидејќи од шпанските даночници затаиле 4,1 милиони евра приходи од продажбата на правата на фотографиите на напаѓачот на Барселона. Лео Меси тогаш заработи условна затворска казна од 21 месец, додека неговиот татко Јорге, 15 месеци условна казна.

Но без оглед на преиначувањето на казната, Лионел Меси и неговиот татко и онака немаше да одат во затвор. Имено, според шпанскиот закон, лицата кои не се претходно осудени, во случај на затворска казна помала од две години добиваат условна казна и не мораат да одат зад решетки.

За Меси глобата од 250.000 евра претставува „ситница“, бидејќи толку заработува за три дена во Барселона. Меси, според новиот договор што го потпиша пред некој ден, има неделна плата поголема од 600.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП