19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенербахче одбраната на титулата ја почнува од Малага

Фенербахче одбраната на титулата ја почнува од Малага

Европскиот шампион во кошарка, Фенербахче, одбраната на титулата ќе ја почне од Малага, на 12 октомври.

Првото коло во најквалитетното натпреварување во Европа носи неколку интересни дуели.

Европскиот првак Фенербахче ќе гостува во Малага, кај актуелниот освојувач на Европкупот, тимот на Уникаха.

Шпански противник ќе има и вицепрвакот на Европа, Олимпијакос. Грчкиот тим во првото коло ќе ја пречека Басконија.

Интересни дуели се очекува да бидат и оние во Истанбул, каде ќе играат Ефес и Реал, односно во Барселона, каде ќе гостува Панатинаикос.

Регионалниот шампион Црвена звезда во првото коло ќе му гостува на Жалгирис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП