
Италијанскиот фудбалски великан Интер го официјализира трансферот на младиот словачки репрезентативец Милан Шкриниар (22).


Италијанскиот фудбалски великан Интер го официјализира трансферот на младиот словачки репрезентативец Милан Шкриниар (22).
Словакот во Интер доаѓа од Сампдорија, а со клубот од „Џузепе Меаца“ потпиша петгодишен договор. Како дел од трансферот Интер во Сампдорија го испрати и Карло Капрари.
Сампдорија од трансферот на Шкриниар ќе заработи 20 милиони евра.
Минатата сезона Шкриниар одиграл 35 натпревари.