5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДирк Новицки го продолжи договорот со Далас на уште една година

Дирк Новицки го продолжи договорот со Далас на уште една година

Легендарниот германски кошаркар Дирк Новицки (39) го продолжи договорот со Далас на уште една година. Новицки на овој начин стана вториот играч во историјата на НБА кој 20 сезони игра во иста екипа. Единствен пред него тоа го направи Коби Брајант во ЛА Лејкерс.

Новицки, во претходните 19 сезони, со Далас успеа да освои една шампионска титула (2011 година), кога и го освои МВП признието на финалната серија.

Германецот беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната 2006/2007, 12 пати е биран во најдобрата петорка во лигата, а 13 пати бил дел од „Ол Стар“ натпреварот.

Со 30.260 постигнати поени стна шестиот играч во историјата на лигата кој во кариерата ја надминал бројката од 30.000 поени. Пред него се Џабар (38.387), Мелоун (36.928), Брајант )33.643), Џордан (32.292) и Чембрлен (31.419).

Во досегашната кариера има одиграно 1.394 натпревари, на кои во просек бележел 21,7 поени, 7,8 скока и 2,5 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП