18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички против Динамо Минск, Шкендија против Хелсинки

Работнички против Динамо Минск, Шкендија против Хелсинки

Работнички и Шкендија наредната недела ќе ги продолжат настапите во Лига Европа откако без проблеми со вкупни победи од 7-0 успеаја да го минат првото коло.

Работнички во првата фаза го елиминира претставникот на Сан Марино, Тре Пене, со две победи (1-0, 6-0). Во второто коло „романтичарите“ ќе се соочат со многу посериозен противник, Динамо Минск од Белорусија.

Белорусите во првата рунда, слично како и Работнички забележаа две победи над Рунавик од Фарските Острови (2-0, 2-1).

Шкендија во првата рунда немаше проблеми со Дачија (3-0, 4-0), во второто коло ќе игра против финскиот претставник Хелсинки.

Финците на стартот од квалификациите во двомечот беа поуспешни од Конах од Велс (0-1, 3-0).

Работнички и Шкендија на првите средби ќе бидат домаќини. Термините за одигрувањето на дуелите од втората квалификациска рунда се 13 и 20 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП