9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШкендија убедливо до 2.коло во Лига Европа

Шкендија убедливо до 2.коло во Лига Европа

Фудбалерите на Шкендија го минаа првото квалификациско коло во Лига Европа, откако во двомечот со вкупен резултат 7-0 ја елиминираа молдавска Дачија.

Вицепрвакот на Македонија по триумфот на првиот натпревар, во Струмица, со 3-0, во реваншот во Кишињев, славеше уште поубедливо 4-0.

Алими го постигна првиот гол по 32 минути игра, потоа Дачија во 37.минута остана со фудбалер помалку бидејќи Адроник го доби вториот жолт картон, а по претпоследната минута од првиот дел Жуниор го постигна вториот гол.

Резултатот 2-0 беше актуелен до финишот, кога Зејнулаи и Хасани од пенал ја потврдија победата на Шкендија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП