3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТеодор се приклучи на националниот тим

Теодор се приклучи на националниот тим

Новиот натурализиран репрезентативец на Македонија, Џордан Теодор, денеска пристигна во Скопје и по неколку часа замина за Маврово каде ќе им се приклучи на подготовките на националниот тим.

„Навистина сум возбуден бидејќи ова е ново искуство за мене. Првпат добивам шанса да настапувам во национален тим и морам да признаам дека ги одбројував деновите до пристигнувањето овде и до приклучувањето кон тимот. Не знам многу за моите соиграчи, но имаме доволно време да се запознаеме. Мојот ’поголем брат’ Лестер Бо Мекејлеб ми беше огромна поддршка во последниот период, ми пренесе голем дел од искуството со македонската репрезентација и морам да признаам дека малку беше љубоморен. Знам дека играчите се прилично млади, го познавам само Перо Антиќ против кого сум играл во турското првенство“, изјавил Теодор за официјалната интернет страница на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Американецот верува дека Македонија ќе ја мине претквалификациската група за пласман на СП. Противници на Македонија се Косово и Естонија.

„Не смееме никого да потцениме на овие натпревари бидејќи се значајни за нас и за тоа што би следело понатаму. Сега ќе се обидам што побрзо да се аклиматизирам, да се ’поврзам’ со тимот и да продолжиме да напредуваме заедно. Верувам дека селекторот има план за сите нас, нам ни преостанува да дадеме сè од себе и да видиме кој каква улога ќе има на теренот. Нема да биде лесно, но знаете Рим не е изграден за еден ден“, рекол Теодор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП