1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА: Македонија бележи „скок“ од две места

ФИФА: Македонија бележи „скок“ од две места

Македонската фудбалска репрезентација „скокна“ за две места на најновата ФИФА ранг-листа, која светската куќа на фудбалот ја објави денеска.

Македонија се наоѓа на 134. место со 228 бодови. Од репрезентациите ривали на Македонија во квалификациската група за пласман на СП 2018 во Русија, најдобро пласирана е Шпанија (11. место), веднаш по неа е Италија (12. место), Албанија е на 63. место, Израел е 70-ти, додека најслабо рангиран е Лихтенштајн на 191. место.

Инаку на листата пред Македонија од европските репрезентации сега е и Андора која најмногу напредуваше. Благодарение на квалификациската победа над Унгарија, Андора „скокна“ 57 позиции и сега се наоѓа на 129.место на ФИФА листата.

Од европските репрезентации зад Македонија се наоѓаат само: Луксембург, Молдавија, Косово, Малта, Лихтенштајн, Сан Марино и Гибралтар.

На ФИФА листата нема промени има на врвот каде се проби Германија пред Бразил и Аргентина, во Топ 10 уште се: Португалија, Швајцарија, Полска, Чиле, Колумбија, Франција и Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП