10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолден Стејт го доведе Ник Јанг

Голден Стејт го доведе Ник Јанг

Бекот на ЛА Лејкерс, Ник Јанг, се согласил да се пресели во редовите на актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс.

Јанг, или како што го нарекуваат во НБА „Свеги Пи“, со Вориорс договорил едногодишна соработка која ќе му донесе 5,2 милиони долари.

Овој 32-годишен кошаркар изминатите четири сезони играше за Лејкерси, а во кариерата настапувал и во Вашингтон, ЛА Клиперс и Филаделфија.

Изминатата сезона Јанг во просек по натпревар бележеше по 13,2 поени, 2,3 скока и една асистенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП