20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Тешка задача за Пелистер, Шкендија и Работнички на чекор до следното...

ЛЕ: Тешка задача за Пелистер, Шкендија и Работнички на чекор до следното коло

Македонските прествници во фудбалската Лига Европа денес ќе ги одиграат реванш натпреварите од првото квалификациско коло. По првите натпревари реално е Шкендија и Работнички да минат во нaредната рунда додека пред Пелистер е тешка задача по поразот од 3-0.

Вицепрвакот Шкендија гостува во Молдавија кај екипата на Дачија (16 часот). Шкендија е на чекор до второто коло откако првиот меч го доби со убедливи 3-0.

Пелистер, на стадионот „Младост“ во Струмица, ќе го пречека полскиот тим Лех од Познањ. Битолчани имаат речиси невозможна задача да ја надополнат негативата од три гола која ја стекнаа по првиот меч.

Работнички на стадионото „Петар Милошевски“ во комплексот на ФФМ ќе игра против Тре Пене од Сан Марино. Првиот меч на гостински терен „романтичарите“ го добија со 1-0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП