19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолема размена на три екипи, Галинари оди во ЛА Клиперс

Голема размена на три екипи, Галинари оди во ЛА Клиперс

ЛА Клиперс, Атланта и Денвер ги усогласија деталите околу размената на кошаркари која треба да биде официјализирана во четврток.

Според договорот Данило Галинари од Денвер се сели во ЛА Клиперс, Пол Милсап, како што веќе е објавено, од Атланта заминува во Денвер кој ќе ги добие правата на пик од втората рунда на драфтот во 2019 година, додека од Клиперси во Атланта ќе се преселат Џамал Крафорд и Дејмонд Стоун.

Атланта ќе ги добие и правата на пик од првата рунда на драфтот во 2018 година.

ЕСПН пренесува дека ЛА Клиперс со Данило Галинари ќе потпишат тригодишен договор вреден 65 милиони долари, додека Атланта ќе го откупи договорот на ветеранот Крафорд бидејќи тој сака да им се преидружи на ЛА Лејкерс каде би му бил ментор на Лонзо Бол, кој на неодамнешниот драфт беше избран како втор пик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП