20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси го продолжи договорот со Барселона до 2021 година

Меси го продолжи договорот со Барселона до 2021 година

Лионел Меси го продолжи договорот со Барселона до 2021 година. Според новиот договор, Аргентинецот неделно ќе заработува 570.000 евра, што годишно изнесува 31,2 милиони евра. Шпанските медиуми објавија дека за продолжување на верноста клубот ќе го награди со 25 милиони евра.

Барселона и Меси преговараа долго време околу продолжување на договорот кој на Аргентинецот му истекуваше во 2018 година.

„Клубот е пресреќен поради потпишувањето на новиот договор и поветеноста на Меси, најдобриот фудбалер во историјата, кој целтата професионална кариера ја минува во Барселона“, се наведува во клупското соопштение.

Меси во Барселона пристигна на 13-годишна возраст, а откако му се приклучи на првиот тим го покажа својот раскошен талент. До сега има одиграно 585 натпревари за Барселона на кои постигнал 510 голови.

Аргентинецот петпати во кариерата ја освојувал „Златната топка“, а со Барселона има освоено 29 трофеи, од кои девет се во првенството на Шпанија и четири во Лигата на шампионите.

Барселона објави дека откупната клаузула во новиот договор на Меси изнесува 300 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП