2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички атакува на нова победа против Тре Пене

Работнички атакува на нова победа против Тре Пене

Работнички утре, на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот, ќе го игра реванш натпреварот со Тре Пене, претставникот на Сан Марино, во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Првиот натпревар одигран минатата недела во Сан Марино фудбалерите на Работнички го добија со минималнен резултат, а голот го постигнаа во последната минута.

„Нашата цел е да оствариме уште една победа над Тре Пене и да се пласираме во следната рунда. Го респектираме противникот, не се тие наивен тим, но ние сме уверени во нашите квалитети и посакуваме нов триумф. Доколку наметнеме наше темпо, мислам дека Тре Пене тоа нема да може да го следи. Сепак, нема веќе ‘рибари’ во европските купови, видовме дека може да загуби и Глазгов Ренџерс, па максимално сериозно му приоѓаме на мечот“, изјави шефот на стручниот штаб, Виктор Треневски.

Шефот на стручниот штаб на Работнички за реваншот ќе може да смета на дефанзивците Ванче Шиков и Леон Најдовски, кои поради суспензии не беа во комбинација за настап во првиот натпревар.

„И пред првиот натпревар напоменав дека Работнички е фаворит, сега по еден одигран дуел тоа можам да го потврдам. Остваривме минимална победа против Тре Пене во Сан Марино, а утре очекувам уште поубедлив триумф на нашиот тим. На првиот дуел имавме неколку избрзани реакции, тоа придонесе да не го отвориме резултатот брзо. Се надевам дека утре ќе биде сосема поинаку и дека ќе славиме поубедлива победа“, изјави Душко Трајчевски.

Натпреварот меѓу Работнички и Тре Пене ќе се игра утре, со почеток во 17.30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП