7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗбогум на полначите: Развиен е мобилен телефон кој работи без батерија

Збогум на полначите: Развиен е мобилен телефон кој работи без батерија

На сите ни е познато дека новите мобилни уреди бараат голема количина на енергија, а се чини дека се уште не сме подготвени да ги намалиме своите барања со кои ќе се намали трошењето на батеријата. За среќа, научници од Универзитетот во Вашингтон ни покажаа како би можеле во иднина да се ослободиме од батеријата.

Новиот уред, кој се ноаѓа во почетна фаза на истражвување, ја користи технологијата на повратен сигнал. Конкретно, неговото функционирање е засновано на радиобранови кои секако се движат околу нас додека комуницираме, пишува „IFLScience“. Научниот тим од Вашингтон досега успеа да демонстрира гласовен повик од телефон без батери до смартфон со „Android“.

„Претворањето на аналогниот човечки говор со дигитален сигнал бара трошење на голема количина на енергија“, рече учесникот на проектот Вамси Тала, кој работеше на прототипот.

„Aко можете да комуицирате со користење на аналогна технологија, ќе заштедите на енергија“, додаде тој.

Тимот мораше повторно на „измисли“ аналогна технологија на повратен сигнал, која последен пат се користела во делови од играчи во периодот на „Студената војна“. Мобилните телефон без батерии испраѓаат дигитални сигнали кога во бројчаникот ќе се внесат броеви, а потоа се префрлуваат целосно на аналоген пренос на гласот.

Преносот на сигналот се одвива по нелиценцирана фрекфенција до базната станциа, која го поврзува со дигиталната бежична мрежа преку „Skypе“. Базната станица не ги поврзува само мобилните телефони со мрежата, туку и доставува и енергија која е неопходна за негова работа.

Сепак, моменталната базна станица им овозможува на мобилните телефони да бидат најмногу 15 метри одалечени од неа за време на разговорот, што баш и не преносна технолгија, но работите би можеле да се променат доколку базните станици се интегрираат во телефонските кули.

„Тие имаат неколу пати посилна енергија, со што дометот ќе може да се зголеми и на километар“, објасни Тала.

Тимот сега работи на подобрување на квалитетот и извршување на повици. Изумот моментално функционира како „walky-talky“, па морате да притиснете копче со цел да го префрлите говорот на слушање или обратно. Се разгледува и воведување на „e-ink“ дисплеј со кој би можело да се испраѓаат пораки.

Дали во иднина користењето на мобилни телефони ќе се одвива без батерија, останува да се види.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП