13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРендолф и Хил се новите засилувања на Сакраменто

Рендолф и Хил се новите засилувања на Сакраменто

Екипата на Сакраменто Кингс потпиша договори со двајца искусни и докажани играчи во НБА лигата, Зек Рендолф и Џорџ Хил.

Зек Рендолф има 36 години, во 2001 година беше 19. пик на драфтот, а минатата сезона во просек бележеше по 14 поени и 8,2 скока во дресот на Мемфис. Рендолф потпиша двегодишен договор за 24 милиони долари.

Џорџ Хил има 31 година, беше 26. пик на драфтот во 2008 година, а минатата сезона како играч на Јута во просек по натпревар имаше реализација од 16,9 поени. 4,2 асистенции и 3,4 скока по натпревар. Хил потпишал тригодишен договор за 57 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП