7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГордон Хејворд во Селтикс за 127 милиони долари

Гордон Хејворд во Селтикс за 127 милиони долари

Еден од најбараните слободни играчи на пазарот во НБА лигата, Гордон Хејворд, ќе потпише четиригодишен договор со Бостон.

Хејворд, изминатите години беше клучниот играч на Јута Џез, а со неговото заминување клубот од Солт Лејк Сити ќе мора да започне да гради нов тим.

Крилниот играч реши да ја прифати понудата на Бостон, која „тежи“ 127 милиони долари во наредните четири години.

Хејворд има 27 години, во НБА лигата влезе како деветти пик на драфтот во 2010 година. Тој минатата сезона имаше просек од 21,9 поени, 5,4 асистенции и 3,5 скокови по натпревар.

Поради доаѓањето на Хејворд, Бостон се откажа на услугите на Кели Олиник, Јонас Јеребко, Џејмс Јанг и Џералд Грин, а веројатно ќе ги трејдуваат Маркус Смарт, Ејвери Бредли или Џае Краудер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП