21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛЕ: Глазгов Ренџерс e елиминиран од аматери од Луксембург

ЛЕ: Глазгов Ренџерс e елиминиран од аматери од Луксембург

Фудбалскиот клуб Нидеркорн од Луксембург го елиминира славниот Глазгов Ренџерс од првото квалификациско коло во Лига Европа.

Против фудбалскиот великан, кој лани се врати во најсилната конкуренција во Шкотска, аматерите од Луксембург славеа со 2:0, што им беше доволно за пласман во второто коло, бидејќи Ренџерси во првиот меч победија со 1:0.

Пласман во второто квалификациско коло избори и унгарски Видеотон кој на Малта одигра 3:3 со Балзан. Првиот меч унгарскиот тим го доби со 2:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП