12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ и Федерер речиси без борба се пласираа во второто коло од...

Ѓоковиќ и Федерер речиси без борба се пласираа во второто коло од Вимблдон

Вториот и третиот носител на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер речиси без борба се пласираа во второто коло, откако нивните опоненти им ги предадоа мечевите.

Вториот носител Ѓоковиќ за ривал го имаше Словакот Мартин Клижан кој поради повреда на листот на левата нога го предаде мечот по 40 минути игра при водство на српскиот тенисер од 6:3, 2:0.

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против Чехот Адам Павласек.

Третиот фаворит Федерер, одигра еден гем повеќе од Ѓоковиќ во дуелот кој Александар Долгополов од Украина го предаде поради повреда на зглобот.

Федерер го доби првиот сет со 6:3, а во вториот при резултат 3:0 Долгополов го предаде мечот.

Швајцарецот во второто коло за противник ќе го има српскиот тенисер Душан Лајовиќ кој во три сета го победи Гркот Стефанос Циципас.

Во вторникот уште еден меч не го доживеа својот крај, бидејќи Јанко Типсаревиќ му предаде на Американецот Џеред Доналдсон по само 16 минути игра.

Првото коло на 131-то издание на Вимблдон во вторникот го минаа Раониќ, Монфилс, Дел Потро, Даљрсис, Рамос, браќата Зверев, Симон, Сок, Херисон, Бердих, Тим, Димитров, Изнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП