13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВитоло се сели во Атлетико Мадрид

Витоло се сели во Атлетико Мадрид

Шпанскиот репрезентативец од Севилја, Витоло, до крајот на неделата ќе потпише договор со Атлетико Мадрид. „Марка“ објави дека Атлетико на Севилја ќе плати 40 милиони евра.

Витоло за „јорганџиите“ ќе има право на настап по Нова година бидејќи поради казната од ФИФА Атлетико не може да регистрира фудбалери во овој преоден рок.

Поради тоа Витоло првиот дел од сезоната ќе го мине во Лас Палмас. Првиот човек на Лас Палмас, Мигел Анхел Рамирез, синоќа во Мадрид со колегата од Атлетико, Енрике Серезо, ги договорил условите под кои Витоло ќе биде позајмен во овој клуб.

Клубот од Канарските Острови од Атлетико ќе добие пет милиони евра.

Витоло е вториот фудбалер кој во овој преоден рок ја напушта Севилја, откако капитенот Висенте Ибора се пресели во Лестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП