21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Вируси, криптоцрви и тројанци

График на денот: Вируси, криптоцрви и тројанци

Еден вид на злонамерен софтвер (malware) го привлече вниманието на светот. Последните напади укажуваат за опустошувачките последици кои може да ги имате на вашиот бизнис и инфраструктурата, коментира „Statista“.

По светскиот напад со „криптоцрвот“ – „WannaCry“ во мај, нов напад со софтвер кој бара откуп, наречен „Petya“, започна минатата недела и продолжи да се шири низ светот и потоа.

Малициозниот софтвер се развил сериозно во последните 10 години, како што покажува графиконот. Според аналитичарите од компанијата за безбедност во „IT“ просторот „G Data“ бројот на нови видови малициозни кодови најверојатно ќе достигне над 7,4 милиони само оваа година. Иако оваа бројка како да е сигнал само за лоши вести, податоците сепак покажуваат дека стапката на раст во создавањето на малициозен софтвер се забавува.

Важно е да се напомене уште дека според податоците обезбедени од Институтот за „IT“ безбедност на „AV-Test“, софтверите (како „WannaCry“ и „Petya“) формираат многу мал удел од целиот малициозен софтвер откриен на глобално ниво. Тоа, сепак, само покажува дека бројот на примерите од одреден вид на злонамерен софтвер не се одразува на реалниот потенцијал за нанесени штети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП