8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо не заминува од Реал

Роналдо не заминува од Реал

Кристијано Роналдо проговори за својата иднина во Реал. Португалецот според медиумските пишувања се наоѓаше на излезната врата од клубот, бидејќи бил незадоволен што не добил поддршка од клубот по повод онвинувањата дека затаил данок во износ од 14,7 милиони евра.

Шпанскиот „Ел Конфиденсијал“, во понеделникот, објави дека Португалецот нема намера да замине од Реал.

„Во ниту еден момент не кажав дека заминувам. Бев на вечера со соиграчите и тогаш им кажав дека сум незадоволен, дека ме повреди начинот на кој се однесуваше клубот, бидејќи ме третираше како деликвент. Своите даночни обврски сум ги исполнил и во Англија и во Шпанија. Нема да одам никаде“, рекол Роналдо.

Инаку Португалецот има договор со Реал до јуни 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП