21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоронто нема да се раздели со Лаури

Торонто нема да се раздели со Лаури

Торонто успеа да задржи во тимот еден од своите најдобри играчи Кајл Лаури. Во истите тимови наредната сезона ќе играат и Кајл Корвер (Кливленд) и Нене Иларио (Хјустон), додека Таж Гибсон од Оклахома се пресели во Минесота.

Кајл Лаури, по сезоната во која имаше просек од 22,4 поени, 7 асистенции и 4,8 скокови, од Торонто доби нов тригодишен договор вреден 100 милиони долари. Претходно Торонто го потпиша и центарто Серж Ибака за сума од 65 милиони евра.

Тригодишен договор од Кливленд доби бекот шутер Кајл Корвер. Кливленд потпиша договор на три години со Корвер, кој во Охајо ќе заработи 22 милиони долари.

Бразилецот Нене Иларио со Хјустон договори соработка во наредните три сезони. Годишно овој центар ќе заработува по 11 милиони долари.

Таж Гибсон ја напушти Оклахома и кариерата ќе ја продолжи во Минесота каде повторно ќе игра со поранешниот соиграч од Чикаго, Џими Батлер.

Во исто време Оклахома се обидува во тимот да го донесе бекот Руди Геј, за кого интерес покажува и тимот на ЛА Клиперс.

Џастин Холидеј наредните две сезони ќе игра во Чикаго за сума од девет милиони долари, додека идентичен договор, но за седум милиони долари потпиша Џоди Микс со Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП