3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразилецот Данило е второто засилување за Јувентус

Бразилецот Данило е второто засилување за Јувентус

Бразилецот Данило е второто засилување за Јувентус во актуелниот преоден рок. Италијанскиот првак пред неколку го донесе во своите редови напаѓачот Патрик Шик од Сампдорија, а во понеделникот шпанските медиуми објавија дека клубот го договорил трансферот на десниот бек кој доаѓа од Реал, Данило.

Весникот „АС“ објави дека челниците на двата тима се договориле Јувентус да плати 20 милиони евра за Бразилецот, кој на десната бековска позиција доаѓа како замена за сонародникот Дани Алвеш, кој кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити.

Инаку, Данило во Реал пристигна пред две сезони од Порто за сума од 31,5 милиони евра, но не успеа да се наметне како прво решение за таа позиција, на која неприкосновен во Реал е Дани Карвахал.

Според истиот извор, Данило ќе потпише договор со Јувентус до 2022 година, а годишно ќе заработува пет милиони евра.

„АС“ наведува дека за три дена двата клуба ќе го потврдат договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП